ПОВЕЌЕ

    Групацијата Триглав со високи резултати – Позициите на македонскиот пазар сигурни

    Време зa читање: 7 минути

    Групацијата Триглав, со пазарниот удел, кој на крајот од првиот квартал изнесуваше 14,1 процент, го задржа третото место на македонскиот пазар, на кој работат 17 осигурителни компании и каде што премијата за осигурување во првата половина од годинава порасна за 17,5 проценти. Се работи за друштвата Триглав Осигурување, Триглав Осигурување Живот и Триглав пензиско друштво. Првите две во полугодишниот период го зголемија вкупниот деловен обем за 10 проценти – на 23 милиони евра, додека вкупната бруто полисирана премија изнесуваше 21,7 милиони евра, за разлика од ланските во истотото време, 19,9 милиони евра).

    „Во првата половина од 2025-та година, Триглав Осигурување оствари раст на бруто полисираната премија во споредба со истиот период минатата година, а особено сме задоволни што во доброволното здравствено осигурување остваривме раст поголем од пазарниот. Дека нашите клиенти имаат доверба во сите сегменти на нашето работење, потврдуваат и резултатите од истражувањата, во кои што нашата компанија континуирано ја добива највисоката оценка за углед на македонскиот осигурителен пазар и е прв избор на клиентите кога станува збор за осигурување“, изјави главниот извршен директор на Триглав Осигурување АД, Скопје, Ѓорѓе Војновиќ.

    Растот на полисираната премија и успешното лансирање на нови производи на друштвото Триглав Осигурување Живот, го потврдуваат лидерството во имплементацијата на новитети и стабилната позиција на пазарот. Посветени сме на понатамошен развој и иновации во корист на нашите клиенти и партнери. Со јасна стратегија и одговорен пристап кон ризиците, создаваме долгорочна вредност за осигурениците, акционерите и општеството во целина,“ изјави г-ѓа Христина Џамбазовска-Анастасов, Генерална директорка на Триглав Осигурување Живот АД, Скопје.  

    Добри резултати и раст во првата половина од годинава оствари и Триглав пензиско друштво. Управува со средства во износ од речиси 235 милиони евра и забележа раст од 12 проценти во однос на крајот од минатата година.

    „Со постојани вложувања во автоматизација на процесите, современи дигитални алатки и подобрени услови за работа на нашите вработени и соработници, успеавме да достигнеме повисоко ниво на оперативна ефикасност и да овозможиме уште поголема транспарентност и подобро корисничко искуство за нашите членови, што нè прави сигурни дека ја оправдуваме нашата примарна улога како достоен пензиски партнер“, нагласува претседателот на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво, Тихомир Петрески.

    Полугодишните остварувања, пак, на ниво на целата Групација Триглав, придонеле за зголемување на прогнозата за годишниот деловен резултат.

     

    „Вкупниот деловен обем на Групација Триглав порасна за 18 проценти, во однос на првата половина од минатата година и изнесува 1.065,3 милиони евра. Овој раст, главно е резултат на зголемувањето на бруто полисираната премија во сегментот Имот.

    Деловниот резултат пред оданочување се зголеми за 22 проценти и изнесува 109,6 милиони евра, додека нето резултатот порасна за 21 процент и достигна 91,4 милиони евра.

    Комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравство достигна исклучително поволна вредност од 88,2 проценти (минатата година 90,6 проценти). Профитабилноста од нови склучени договори во сегментот Живот изнесуваше солидни 12,2 проценти (минатата година 14,1 процент).

    Капитализацијата на Групацијата на полугодието се движеше во рамките на целниот опсег, поставен меѓу 200 и 250 проценти, наведуваат од Групацијата.

    Според претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Андреј Слапар, успешен бил и вториот, па на полугодишно ниво е остварен деловен резултат пред оданочување од 110 милиони евра:

    „Задоволни сме со постигнатото и имајќи ги предвид моментално познатите и очекувани деловни околности, до крајот на годината ја зголемуваме нашата прогноза за годишниот деловен резултат пред оданочување во 2025-та година. Првично планиравме меѓу 130 и 150 милиони евра, но сега проценуваме дека ќе оствариме меѓу 140 и 160 милиони евра.

    Исклучително добрите полугодишни резултати главно се должат на значителниот раст на премијата. Тоа произлегува од зголемениот обем на осигурување кај клиентите, успешното работење на меѓународниот пазар на реосигурување и осигурување, како и поволните отштетни побарувања. Во согласност со стратешката амбиција за поголема интернационализација на Триглав, дополнително го намаливме уделот на Словенија во составот на премијата, кој на полугодието изнесуваше 52 проценти, а го зајакнавме уделот на меѓународното работење. Успешно ја подобривме профитабилноста на сите осигурителни пазари, што е видливо и од поволниот комбиниран количник.

    Како и досега, конзервативно управувавме со инвестициското портфолио. Затоа, неизвесната состојба на финансиските пазари немаше поголемо влијание врз резултатот на инвестицискиот сегмент, но во одредена мера влијаеше врз профитабилноста и вредноста на финансиските инвестиции и средствата во управувањето со имот.

    Оваа година, Групација Триглав доби подобрена кредитна оцена A+ од S&P Global, со стабилни среднорочни изгледи. Остануваме добро капитализирани и финансиски стабилни, а нашите деловни резултати и идни изгледи се одразуваат и на вредноста на акцијата на Триглав. Си поставивме високи стратешки амбиции до 2030-та година и со тим од повеќе од 5.000 посветени вработени, напорно работиме на нивното остварување“.

    Исто така, се посочува дека вкупните средства под управување на Групација Триглав по состав и обем се споредливи со состојбата од крајот на минатата година. Од нивната вкупна вредност од 5,9 милијарди евра, вредноста на сопствените средства, средствата поврзани со осигурување на живот, каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик и средствата од финансиски договори изнесуваше 3,9 милијарди евра (индекс 100), додека средствата што се управуваат во заеднички фондови, како индивидуален имот, во пензиски фондови и како алтернативни вложувања достигнаа 2,0 милијарди евра (индекс 99).

    Профитабилноста на финансиските вложувања на Групација Триглав, без средствата поврзани со осигурување на живот, каде што осигуреникот го презема инвестицискиот ризик, изнесуваше 2,7 проценти (минатата година 3,0 проценти).

    Успехот доаѓа од постигнувањата во одделни сегменти. Вкупниот деловен обем во сегментот Имот е зголемен за 20 проценти и изнесува 843,9 милиони евра, со комбиниран количник од поволни 87,2 проценти и со деловен полугодишен резултат кој има раст од 36 проценти, а достигна 91,1 милион евра. Сегмент Живот е со вкупен деловен обем зголемен за 8 проценти и износ од 133,5 милиони евра; профитабилноста од нови склучени договори е солидни 12,2 проценти (минатата година 14,1 проценти); а маржата за договорна услуга, во износ од 273,2 милиони евра, остана на нивото од крајот на 2024 година; додека полугодишниот деловен резултат порасна за 5 проценти и изнесува 14,5 милиони евра. Кај Здравство вкупниот деловен обем е зголемен за 25 проценти и изнесува 29,9 милиони евра; комбинираниот количник е 114,8 проценти (лани 99,6 проценти); полугодишниот деловен резултат пред оданочување е негативни 3,1 милиони евра (лани 1,4 милиони евра). Во Управување со средства вкупниот деловен обем се зголеми за 7 проценти и изнесува 58,0 милиони евра; приходите од провизии достигнаа 25,2 милиони евра (+ 10%); полугодишниот деловен резултат пред оданочување бил 7,1 милион евра.

    „За добриот полугодишен резултат на Групација Триглав најмногу придонесе резултатот во сегментот Имот, каде што, покрај поволните отштетни побарувања, го зголемивме обемот на осигурителното портфолио и остваривме висока профитабилност, заедно со солидни резултати од инвестицискиот дел. Во сегментот Живот, ја задржавме профитабилноста на новите склучени договори, со истовремено зголемување на резултатите на сегментот. Сегментот Здравство, каде што минатата година го реструктуиравме деловниот модел, забележа негативен резултат. Ова го очекувавме и очекуваме дека променливоста  ќе продолжи и во иднина. Во сегментот Управување со средства, ги зголемивме приходите од провизии и деловниот обем, додека резултатот од сопствените вложувања на Групација Триглав во овој сегмент опадна во споредба со претходната година, што е последица на состојбата на финансиските пазари“, вели членот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, Урош Иванц.

    Стратешка амбиција на Групацијата Триглав е до 2030 година да го удвои деловниот резултат и да достигне ниво меѓу 250 и 300 милиони евра. Дотогаш и вкупниот деловен обем треба изнесува меѓу 2,5 и 3,0 милијарди евра, а средствата под управување да надминат 10 милијарди евра. Амбиција е комбинираниот количник во сегментите Имот и Здравство од 2025 до 2030 година да биде под 95 проценти, а повратот на капиталот (ROE) во 2030-та година да изнесува меѓу 12 и 13 проценти.

    „Групација Триглав ќе се стреми да остане стабилна, сигурна и профитабилна инвестиција за инвеститорите. Нејзината амбиција е, во периодот до 2030-та година, во согласност со политиката на дивиденди, да исплати на акционерите околу 400 милиони евра дивиденди, задржувајќи ја притоа целната адекватност на капиталот и соодветните услови за раст и развој“, истакнуваат од компанијата.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично