ПОВЕЌЕ

    За Велигден или од 14 мај, Грција ја отвара границата, за кого?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Грција ќе ја отвори границата за српските граѓани од 14 мај, а можеби и за Велигден, пренесува РТС повикувајќи се на неофицијални информации.

    Така, по САД, Велика Британија, Израел и Кипар, Србија ќе биде петтата земја во светот чии граѓани ќе можат да влезат во Грција.

    Според РТС, услов за влез во Грција ќе биде потврда за вакцинирање со една од вакцините од Запад, но и со руските и кинеските вакцини.

    За невакцинираните ќе биде потребен PCR-тест.

    Детали за влез во Грција ќе бидат познати денес, кога заедничката изјава во Белград ќе ја потпишат министрите за туризам на двете земји, Татјана Матиќ и Хари Теохарис, јавува РТС, објави Танјуг.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично