ПОВЕЌЕ

    Граѓаните и „Независни за Карпош“ спречија узурпација на детско игралиште во скопско Козле

    Време зa читање: 2 минути
    Денес благодарение на брзата реакција на жителите во населбата Козле, била спречена узурпација и уништување на спортското игралиште, непосредно до срeдното училиште Лазар Танев. Без документација и без знаење на општината со градежна механизација се обиделе да пробијат улица преку постеоечко спортско игралиште до училиштето иако веќе има постоечки пристап, информираат од граѓанската иницијатива „независни за Карпош“.
    Општинските инспектори, според наши извори излегле на терен и не биле информирани за ваков вид градежни активности. Ќе провериме дали Град Скопје има намера да издаде дозвла и дали ова било самоволие на директорот од училиштето, велат од иницијативата, која има и двајца советници во Советот на Општина Карпош.
    Оттаму потсетуваат дека спортскиот терен не е во рамки на училиштето, тоа е јавен простор кој го користат најчесто децата од оваа населба, изразувајќи благодарност до жителите на населбата за брзата реакција и за информациите кои им ги дале за овој случај.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично