Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2021 година, се издадени 320 одобренија за градење, што е за 17.2 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.
Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 4 568 461 илјада денари, што е за 64.6 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.
Намалената предвидена вредност се должи на фактот дека во истиот месец од претходната година биле издадени одобренија за градење на објекти од нискоградба со поголеми вредности, како магистралниот транспортен гасовод во Пелагонискиот Регион, делница 5 од магистралниот гасовод во Полошкиот Регион, биогасната и ветерната електрана во Вардарскиот Регион, далноводот од Битола до македонско-албанската граница во Југозападниот и Пелагонискиот Регион.
Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 191 (59.7 %) е наменето за објекти од високоградба, 43 (13.4 %) за објекти од нискоградба и 86 (26.9 %) за објекти за реконструкција.
Од вкупно 320 објекти, на 164 (51.2 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 156 (48.8 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.
Во извештајниот период е предвидена изградба на 639 станови, со вкупна корисна површина од 61 828 м2.