ПОВЕЌЕ

    Градежна статистика за 2022: Изведени се активности во вредност од над 770 милиони евра

    Време зa читање: 2 минути

    Градежните работи на фирмите се 499 милиони евра, а во индивидуална режија 274 милиони евра

    Градежни работи во вредност од 30.768.214 илјади денари, односно 499 милиони евра извршиле лани деловните субјекти кои се занимаваат со градежна дејност.

     

    Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека од нив, 237,8 милиони евра или 14.662.217 илјади денари се за објекти во индивидуална сопственост.

    Во текот на 2022 година градени се 2.519 објекти, а завршени се 3.844 станови со вкупна површина од 257.085 м2. Во индивидуална сопственост се 3.714.

    Просечната корисна површина на завршените станови е 66,9 м2.

    Статистиката упатува на податокот дека најмногу се градело во Скопскиот Регион, потоа во Пелагонискиот, Југозападниот, а најмалку во Североисточниот.

    Што се однесува, пак, до градежните активности во индивидуална режија, минатата година се извршени во вредност од 16.896.526 илјади денари или во противвредност од 274 милиони евра.

    Притоа, градени се 2.145 објекти, а завршени се вкупно 2.457 станови со вкупна површина од

    304.916 м2. Меѓу нив се и 102 станови во викенд-куќи, чија вкупна површина изнесува 7.981 м2.

    Просечната корисна површина на завршените станови е 124,1 м2.

    Гледано по региони, најмногу се градело во Вардарскиот, во Полошкиот, во Скопскиот. Најмалку градежни активности имало во Североисточниот Регион.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично