ПОВЕЌЕ

    Горивото, еуродизелот и моторните бензини најевтини во Македонија

    Време зa читање: 2 минути

    Регулаторна комисија за енергетика вечерва, на полноќ, ќе ги корегира цените на горивото, еуродизелот и моторните бензини, како и секој понеделник.

    Во последната одлука на РКЕ имаше зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,35%. Сепак, по цените на горивата, Македонија се наоѓа на дното од листата во регионот.

    Според податоците на Здружението на нафтени компании на Србија (УНКС), Албанија е на врвот на листата на регионот, потоа Грција, а Србија е на третото место во регионот по цената на бензинот и течниот автогас, а на второто по цената на Еуродизелот.

    Литар бензин БМБ 95 во Србија чини 1,5 евро. Убедливо најскапи се Албанија со 1,77 евра за литар бензин и Грција со 1,75 евра. Во Словенија литар бензин чини 1,49 евра, во Унгарија 1,48 евра, а во Хрватска 1,43 евра.

    Најевтиниот бензин е во Македонија – 1,22 евра за литар.

    Литар Еуродизел Албанците ги чини 1,77 евра, а Србите 1,62 евра. Во Словенија литар еуродизел чини 1,54 евра, а во Грција 1,52 евра. Најевтиниот дизел е 1,1 евро во Македонија и 1,2 евро во Босна и Херцеговина.

    Цената на бензините во Србија е за 3,7 отсто повисока од просекот во регионот, а еуродизелот е дури 15 отсто поскап од просекот во регионот.

    Автогасот во Србија чини 0,86 евра за литар и е за 17,35 отсто поскап од просекот во регионот.

    Најскапи се во Словенија (0,95 евра) и Унгарија (0,9 евра), а најевтини во БиХ и Албанија, по 0,57 евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично