ПОВЕЌЕ

    Поевтини горива од полноќ

    Време зa читање: 2 минути

    Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 0,26 % во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од 20.7.2020 година.

    Малопродажните цени на бензините еуросупер БС-95 и еуросупер БС-98 се намалуваат за 0,50 денар за литар и со тоа малопродажната цена на еуросупер БС-95 ќе изнесува 59,50 ден/лит, додека малопродажната цена на еуросупер БС-98 ќе изнесува 61,50 ден/лит.

    Малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) не се менува, односно останува на исто ниво од 53,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 0,50 денар/литар и ќе изнесува 53,00 ден/лит.

    Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,155 ден/кг и од вечерва на полноќ ќе изнесува 26,060 ден/кг.

    Од 28.7.2020 година максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

    1. Моторен бензин еуросупер БС – 95 59,50 (денари/литар)
    2. Моторен бензин еуросупер БС -98 61,50 (денари/литар)
    3. Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 53,00 (денари/литар)
    4. Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53,50 (денари/литар)
    5. Мазут М-1 НС 26,060 (денари/килограм)
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично