ПОВЕЌЕ

    Google одбива да плати 600 милиони долари на австралиските медиуми

    Време зa читање: < 1 минутa

    Технолошкиот гигант Google одбива заедно со Facebook да им плати 600 милиони долари на австралиските медиуми за користењето на нивните вести, тврдејќи дека побараните бројки се „неосновани“.

    Имено, Австралиските новински агенции и Владата на Австралија веќе некое време се обидуваат да ги принудат Google и Facebook да плаќаат за користењето на нивните вести преку носењето на обврзувачки кодекс за регулирање на односите меѓу медиумите и дигиталните платформи.

    Питер Костело, генерален директор на Nine Entertainment, една од најголемите медиумски компании во Австралија, минатиот месец побара од Google и Facebook да вратат 10% од приходите кои ги оствариле во Австралија, кои според него изнесуваат 6 милијарди долари.

    Управниот директор на Google во Австралија, Мел Силва, изјави дека економските придобивки кои компанијата ги добива од австралиските вести се многу помали и дека новинските куќе користат неточни бројки во нивните преговори со Австралиската комисија за конкуренција и потрошувачи која го изготвува новиот кодекс.

    Силва додаде дека медиумските куќи веќе имаат финансиски бенефит од Google Search, тврдејќи дека пребарувачот во 2018 година препратил 3,44 милијарди посетители до нивните веб-сајтови „бесплатно“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично