ПОВЕЌЕ

    Google лансираше нова медицинска апликација

    Време зa читање: 2 минути

    Корисниците безброј пати во текот на годината се свртуваат кон пребарувачот Google за да добијат одговори на голем број медицински прашања, вклучувајќи ги и оние поврзани со промени на кожата. Компанијата подготвува олеснување за нив кога станува збор за овие активности – апликација која ќе даде одговори на сомнежите.

    Тоа е апликација која работи со помош на алгоритми за препознавање на слики, а врз основа на фотографиите што ги поставуваат корисниците, препознава потенцијални проблеми со кожата. Тестирањето покажа дека програмата дава дијагнози исто толку добро, во некои случаи и подобри од врвните дерматолози, но врз основа на тоа, не може да се тврди дека технологијата ќе работи совршено во пракса. Како резултат, нема добиено одобрение за употреба во САД, но може да го најде своето место во Европа.

    Гугл вели дека апликацијата може да биде од голема помош, особено за оние кои поради некоја причина не се во можност да посетат лекар. Медицинската помош сепак треба да биде првиот избор, барем додека не се покаже дека овие и слични апликации работат без грешки.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично