ПОВЕЌЕ

    Како се снаоѓаат Google, Facebook и Microsoft за време на пандемијата?

    Време зa читање: 2 минути

    И покрај пандемијата на Ковид-19, технолошкиот гигант Google ги надмина очекувањата за првиот квартал од годината. Приходите на компанијата се зголемиле за 15%, надминуајќи 41 милијарди американски долари, додека пак нето добивката се зголемила за 2,5%, односно 6,8 милијарди во споредба со истиот период минатата година.

    Иако приходите од огласување на пребарувачот на Google се намалиле во текот на месец март, YouTube продолжува да добива на интензитет. Гледано квартално, приходите на пребарувачот сепак се зголемиле за над 24 милијарди американски долари (раст од 8% во споредба со 2019 година), додека пак приходите од YouTube достигнуваат над 4 милијарди долари (пораст од 33% во споредба со минатата година) и доаѓаат главно од реклами.

    Што се однесува до нивните колеги од Facebook, во текот на првите три месеци на 2020 година, компанијата забележала приходи од 17,7 милијарди долари, што претставува пораст од 18% во споредба со лани. Нивната добивката пак, изнесува 4,9 милијарди долари, што е двојно повеќе од истиот период минатата година.

    Сепак, компанијата забележела пад во огласувачката активност на нејзините платформи во текот на месец март, намалувајќи ја цената за рекламирање на социјалните мрежи на компанијата за 16%. Според компанијата, падот во огласувањето е најизразен за автомобилската индустрија и туризмот, додека пак забележен е значаен пораст во секторите е-игри и е-трговија.

    Microsoft исто така успеа да ги зголеми приходите и добивката во текот на првото тромесечие на годината, главно благодарение на нивните cloud услуги. Приходите на компанијата пораснале за 15%, надминувајќи ја бројката од 35 милијарди долари на годишно ниво, додека пак добивката се зголемила за 22%, односно достигнала 10,7 милијарди долари.

    Во последните недели од кварталот сепак бил забележан мал пад во приходите од лиценциран софтвер, особено во секторот на мали и средни бизниси, како и пад во приходите од огласување на мрежата LinkedIn.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично