ПОВЕЌЕ

    Големиот пакет акции на „Тиквеш“ продаден за 1,83 милиони евра – Купувач е Јаневски?

    Време зa читање: 2 минути

    Јавната берзанска аукција има успешна завршница. Продаден е големиот пакет од 10.646 акции на Винарската визба „Тиквеш“. На купувачот му обезбедуваат 3,94 проценти од акционерскиот капитал.

    Аукцијата по моделот сѐ или ништо е реализирана по почетната цена од 10.596 денари за акција. Според дневната берзанска листа, вредноста на пакетот е 112.805.020 денари. Тоа, пак, е противвредност на 1,83 милиони евра.

    Кој ги купил акциите ќе се знае во понеделник, кога промената ќе биде внесена во Централниот регистар. А, непотврдените информации велат – се работи за главните сопственици, односно таткото и синот Јаневски, Светозар и Јане, кои се и управители на М-6, најголемиот акционер во „Тиквеш“ со 80,08 проценти според состојбата од 31 декември 2024 година. Меѓутоа, не се знае дали тоа го направиле преку М-6 или преку некоја друга фирма.

    Во улогата на продавач, пак, било Сава пензиско друштво АД Скопје во име и за сметка на ОЗПФ Сава пензиски фонд и ОДПФ Сава пензија плус. Тие се во редот на малите акционери, кои заедно поседуваат 53.861 акција, односно 19,92 проценти (31.12. 2024). Инаку, акционерскиот капитал на „Тиквеш“ се состои од 270.450 обични акции со номинална вредност од 51,13 евра.

    Кавадаречката винарија, чии производи се продаваат и на домашниот и на странски пазари, минатата година приходувала 60,6 милиони евра, а имала профит од 4,5 милиони евра. Во првата половина од годинава приходите се 27,3 милиони евра, а добивката 2,2 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично