ПОВЕЌЕ

    ГОЛЕМА ЗДЕЛКА НА „МАКСТИЛ“ – девет милиони евра за набавка на опрема

    Време зa читање: 2 минути

    Скопски „Макстил“ ќе инвестира девет милиони евра во странична ножица за лим. Одлуката е донесена вчера, на седницата одржана од Собранието на акционери, информираат од компанијата преку Македонската берза, со објавата за голема зделка.

    Според одлуката, за реализација на овој проект е предложен буџет во вкупен износ од најмногу девет милиони евра. За набавка на опремата, коа е и предмет на инвестицијата, наменет е износ од максимум 6,5 милиони евра, а за сите останати дополнителни трошоци кои се однесуваат на монтажни, сервисни и други работи е предвиден износ не поголем од 2,5 милиони евра.

    За ова, овластување им се дава на претседателот на Одборот на директори, на генералниот и на извршниот директор да ги преземат неопходните активности за реализација на инвестицијата.

    Како што е наведено, големата зделка изнесува повеќе од 15 отсто од книговодствената вредност на имотот на Друштвото, определена врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи.

    Исто така, за оваа потреба акционерското собрание одобрио склучување анекс на договорот за мултивалутна кредитна рамка склучен со Стопанска банка, од 29,5 на 34,5 милиони евра.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично