ПОВЕЌЕ

    Голема празнична кампања на НЛБ Банка проследена со донација Обединети во хуманоста, регионална иницијатива на НЛБ Групацијата

    Време зa читање: 2 минути

    Во НЛБ, бројките отсекогаш имале особено значење. Сепак, ние препознаваме дека она што навистина е важно се приказните што стојат зад нив и позитивните промени кои тие ги носат во животите на луѓето. Силно уверени дека свет полн со добрина е свет полн со можности, јубилејната 2025 година ја заокружуваме со голема празнична кампања проследена со донација, како дел од големата регионална иницијатива на НЛБ Групацијата.  

    Празничната кампања на НЛБ ја слави надежта, духот на дарувањето и споделувањето радост. И додека размислуваме за значењето на бројките, остануваме цврсто на нашето верување дека нивната најголема вредност лежи во позитивните приказни кои тие ги создаваат. (линк до видео)

    Оваа празнична сезона, за потребите на одделот родилна сала при Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, НЛБ Банка ќе донира медицински апарат за затоплување на новороденчиња, кој има за цел да обезбеди контролирана и топла микро средина околу новороденчето. Неговата примена е од особена важност во неонатологијата, помагајќи им на предвремено родените бебиња и оние со здравствени потешкотии во регулација на телесната температура.

    Оваа донација е дел од регионалната иницијатива на НЛБ Групацијата, во рамките на која, сите членки на Групацијата донираат на пазарите на кои се присутни. Грижата за децата е основа на просперитетно и надежно општество. Токму затоа сите донации на Групацијата се посветени на децата, новите генерации кои ќе ја обликуваат утрешнината и иднината на нашиот регион што го нарекуваме дом.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично