Diamond Mall ја започна својата роденденска прослава со повик до граѓаните на заедничка хумана мисија, посветена на грижа за напуштените животни и поттикнување на нивно вдомување. Наместо класична прослава, Diamond Mall преку низа активности сака да ја подигне свесноста за грижата за бездомните животни и да ги поттикне граѓаните повеќе да вдомуваат улични кучиња.
Роденденските активности стартуваат на 20 октомври, кога во трговскиот центар ќе биде отворена Зона за донации, каде посетителите, сѐ до 25 октомври, ќе можат да остават храна и опрема за миленици, кои потоа ќе му бидат донирани на Јавното претпријатие „Лајка“. Oд 24 до 26 октомври ќе се одржи Саем за храна за миленици, на кој ќе учествуваат компании од оваа индустрија, а ќе нудат совети за правилна грижа за животните. Посетителите во тие три дена ќе имаат можност и за бесплатни консултации со ветеринари за нивните домашни миленици, на специјалниот ветеринарен штанд. Тука ќе бидат изложени и „кандидатите“ кои чекаат нов дом, преку специјално поставениот Ѕид за вдомување, на кој ќе бидат изложени фотографии од кучињата, а ќе има и секојдневни средби со нив.
„Веруваме дека мали гестови на солидарност создаваат голема промена, а овој роденден е можност да покажеме дека комбинацијата на забава и добри дела е вистинскиот пат за создавање позитивни општествени вредности. Со ваквиот пристап Diamond Mall ја потврдува својата определба дека не е само место за купување и забава, туку и простор што создава позитивни општествени промени и ги мотивира граѓаните кон поголема одговорност и емпатија“, изјави Селин Октај, директорка на Diamond Mall.
На 25 октомври, во утринските часови, ќе се одржи голема улична парада, која ќе ја предводат 20 маскоти на ликови од детски цртани филмови. Под мотото „Да зборуваме и да покажеме дека ни е грижа“, парадата ќе стартува од градскиот плоштад, по што маскотите ќе влезат во молот и ќе изведат шоу за почеток на детската роденденска забава. Потоа следува концерт на омилените детски херои Биби и Боби, како и квиз, награди и многу изненадувања. Предвидена е и креативна работилница „Бојадисај куќичка за куче“, во која е планирано купување и декорирање куќички со помош на децата, по што сликарски изработените куќички ќе ѝ бидат донирани на „Лајка“.
На 26 октомври ќе се случи големиот хуманитарен концерт во атриумот на Diamond Mall, а ќе настапат популарни пејачи Тамара Тодевска, Лозано, Викторија Лоба, кои се познати и по грижата за животните. Специјален гостин ќе биде музичката легенда Драган Мијалковски. Влезот ќе биде бесплатен, а единствен услов, во духот на целиот настан, ќе биде да се донесе минимум еден килограм храна за кучиња, која потоа ќе ѝ биде донирана на „Лајка“, која е партнер на Diamond Mall во реализација на овој хуманитарен настан. Во 14.00 часот ќе бидат објавени добитниците од роденденската наградна игра, по што концертот продолжува.
За потсетување, големата роденденска наградна игра трае до 26 октомври, а главната награда е најновиот модел на автомобил Geely Cityray, како и повеќе парични награди, меѓу кои и две од по 50.000 денари. За учество е потребен купон, кој се добива за секое купување на производи и услуги од Diamond Mall во вредност од 1.000 денари.
Инаку, модната понуда на Diamond Mall ќе биде збогатена и со новиот бренд Funky Buddha, кој ќе биде вистинско изненадување за сите љубители на урбаниот стил, а во финална фаза се и подготовките за отворањето на најголемиот фитнес центар.
Diamond Mall официјално беше отворен на 20 октомври 2023 година и со својот уникатен концепт на Лајф-центар стана едно од омилените места за шопинг, дружење и забава.
Комерцијален текст