ПОВЕЌЕ

    ВИДЕО + ФОТО | ГОЛЕМ ПРОТЕСТ НА БИТОЛСКИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ – пензија за достоен живот

    Време зa читање: 3 минути

    Собирот на битолските пензионери доаѓа како најава и поддршка за големиот протест на пензионерите од сите градови кој се најавува за понеделник во Скопје на 14ти август.

    По примерот на прилепските, кочанските, тетовските, пензионерите од Виници и од останати градови во Македонија, вечерва Битолските пензионери во голем број излегоа на плоштадот Магнолија каде побараа над 18.000 денари минимална пензија и 8.000 линеарно покачување.

    Дано Чолаковски, во име на иницијативниот одбор кој брои 19 членови пред присутните изрази незадоволството од работењето на Здружението на пензионери и од висината на пензиите. Тој потенцираше дека заедно со здруженијата од Битола, Могила и Новаци бројат над 18.000 членови и се најбројни.

    Зборувавме за повеќе проблеми, но сега ќе зборуваме само за зголемувањето на пензиите, односно за причините за вака мали пензии и усогласувањето на пензиите. Голем е бројот на пензионери кои имаат минимални или просечни пензии, а тоа изнесува од 70 до 80 проценти од вкупниот број на пензионери, истакна Чолаковски.

    Тие на протестот истакнаа дека најголемиот број на пензионери во Здружението на пензионери во Битола кое што брои 18.000 членови, имаат минимални пензии со кои не можат да ги покријат основните трошоци за живот.

    Пензијата не стигнува. Многу е мала. Во месецот мора да купиме лекови, храна, да платиме сметки. На одмор не сме биле 15 години, не останува. Мора да се изнајде решение, инаку нема да може да преживееме. Познавам многу другарки кои едвај крпат, а некој од нив и се презадолжени. Не се живее со толку мала пензија, вели Благуна, пензионерка од Битола.

    Срам ме фаќа кога ќе ни дојдат внуците на гости, новчаникот празен, едно чоколадо им купувам да го поделат. Среќе што синот и снаата работат па они ми помагаат за сметките да ги платам, но не можи така поќе, вели Владимир, пензионер од Могила.

    Да не е стоката и нивата, ќе умриме.. Пензијата е толку мала што за две до три недели се троши. Не стигнува. Сметките се високи. Работев 30 години и се надевав на пристон пензионерски живот, а сега сум доведен на питачки стап, да проса, вели пензионер од Новаци.

    Редакција Пари

    Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и важат условите опишани на следниот линк.
    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично