ПОВЕЌЕ

    Голдман Сакс има две важни предвидувања за економско закрепнување на Европа

    Време зa читање: 2 минути

    Аналитичарите на Голдман Сакс ги споделија своите предвидувања околу очекуваното закрепнување во еврозоната, односно тие веруваат дека Европската централна банка ќе ги укине своите невидени стимулативни мерки и сугерираа дека таа нема повеќе да се потпира на мерките за заштеда.

    Инвеститорите во Европа ќе решаваат отткако ќе видат што ЕЦБ ќе стори во однос на стимулациите, особено откако Федералната банка во Соединетите држави минатата недела ги зголеми очекувањата за инфлација и предвиде нови зголемувања на стапката за 2023 година.

    ЕЦБ воведе нова програма за откуп на обврзници по пандемијата на корона вирусот, под називот “Програма за итни пандемиски набавки”. Во моментов таа треба да трае до март 2022 година и да изнесува 1,85 трилиони евра (2,2 трилиони долари).

    Сепак, сè уште постои загриженост дека инфлацијата нема да се искачи на посакуваното ниво на ЕЦБ, и покрај повторното отворање низ кое поминуваат разните економии во еврозоната. Затоа, ќе биде потребна постојана поддршка од централна банка која ја користи инфлацијата како клучна цел.

    По пандемијата со корона вирусот, владите ја зголемија својата фискална поддршка и ги олабавија своите буџети, но тоа е пристап кој е спротивен на  мерките за штедење преземени за еврозоната по глобалната финансиска криза во 2008 година.

    Овој пристап беше можност за сите земји од 19 европски држави кои одлучија привремено да ги укинат правилата за буџетот на ЕУ за да се овозможи поголемо трошење и намалување по економскиот шок од пандемијата. Сепак, 19-те држави треба да разговараат за ревизија на буџетските правила на ЕУ, што некои сметаат дека се премногу ограничувачки и застарени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично