ПОВЕЌЕ

    Одржано годишно Собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје

    Време зa читање: < 1 минутa

    На ден 05.04.2021 година се одржа Годишно собрание на акционери на Алкалоид АД Скопје.

    На одржаната седница се усвоија материјалите и предлог-одлуките предложени според утврдениот Дневен ред, објавен во Јавниот повик до акционерите за учество на собранието.

    Донесена е одлука за исплата на дивиденда за 2020 година во висина од 360,00 денари нето, односно 400,00 денари бруто за една акција што е за 11% повеќе од исплатената дивиденда за 2019 година на нето основа. Исплатата на дивидендата ќе започне од 19.05.2021 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциските сметки на акционерите.

    Сите одлуки и материјали усвоени од собранието на акционери може да се преземат на следниот линк.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично