ПОВЕЌЕ

    Германскиот извоз во април паднал најмногу во последните 70 години

    Време зa читање: < 1 минутa

    Значителен пад на германската трговија во април под влијание на пандемијата на коронавирус, а извозот на најголемата економија во Европа падна со највисока стапка за последните 70 години, покажаа податоците на германската канцеларија за статистика Дестатис, објавени денеска.

    Извозот падна за повеќе од 24 проценти на месечно ниво, додека на годишна основа тој пад изнесува 31,1 проценти што е најголем пад на извозот откако Дестатис започна да собира  податоци за надворешната трговија во 1950 година.

    Аналитичарите очекуваа извозот во април да падне 15,6 проценти во однос на претходниот месец, кога падна за 11,7 отсто.

    Падот на увозот е во согласност со предвидувањата.

    Погледнете ја листата на Топ 100 најголеми работодавачи за 2019-та година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично