Пандемијата само во првиот квартал од годинава ги чини Германците 50 милијарди евра. Вкупната штета е многу поголема.
„Корона-кризата беше и е шок за германската економија каков што не е виден досега“, вели директорот на ИВ, Михаел Хитер.
„Со пакетите за помош кои ги донесе германската влада и помошта за работниците со скратено работно време можеше да се избегне најлошото, но исплатите се чекаа долго, дури и многу долго време.“ Оваа тешка фаза за дел од компаниите беше погубна. „Останува да се надеваме дека ќе се забрза темпото на вакцинирање, така што фирмите конечно ќе имаат основана увереност и сигурност во планирањето“, додава Хитер.