ПОВЕЌЕ

    Колку пари просечно луѓето во Германија чуваат во новчаник а колку дома?

    Време зa читање: < 1 минутa

    Во оваа земја, луѓето се потпираат на книжни пари и покрај системите за дигитални плаќања. Според истражувањето на Бундесбанк, Германците во своите паричници имаат во просек 107 евра, а 1.364 евра во готовина дома или во сефови.

    „Поголемиот дел од населението чува готовина од оправдани причини, а не заради затајување данок“, рече член на одборот на Бундесбанк, Јоханес Берман.

    Истражувањето спроведено меѓу 2.000 лица во 2018 година, чии резултати сега се објавени, не покажува дали однесувањето на луѓето се сменило во кризата со корона.

    Во меѓувреме, готовината се смета за безбедно засолниште во бурни времиња. Според централната банка, побарувачката за банкноти и монети значително се зголеми, особено на почетокот на кризата во Германија во март. Соодветно на тоа, се забележува мало зголемување на нето-издавањето на готовина во наредните месеци. Сепак, податоците не кажуваат ништо за причините за тоа.

    Според студијата објавена во најновиот месечен извештај на Бундесбанк, заштедените средства биле многу нерамномерно распределени меѓу населението.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично