ПОВЕЌЕ

    Германија: Платите во малопродажбата повисоки за 5,3 насто, Синдикатот незадоволен

    Време зa читање: 3 минути

    Германското здружение за малопродажба HDE издаде препорака според која трговците, почнувајќи од октомври, треба да ги зголемат платите на работниците за 5,3 насто.

    Како што пишуваат германските медиуми, HDE веќе неколку години води колективни преговори со Синдикатот Verdi, но безуспешно. Па, иако не постигнаа договор, HDE одлучи да препорача зголемување на платите, пишува магазинот Fenix, а пренесува Poslovni.hr.

    „Согласно сегашната одлука на одборот за колективно договарање на HDE, компаниите обврзани со колективни договори сега ќе имаат можност за доброволно зголемување на платите од 5,3 проценти, веќе од први октомври 2023 година“, се вели во соопштението на здружението.

    Во зависност од економската состојба, секое трговско друштво обврзано со колективни договори самостојно одлучува дали може да ја спроведе препораката на здружението.

    Групацијата Rewe со седиште во Келн одлучи да им исплати на работниците точно 5,3 насто повеќе пари, почнвајќи од октомври, како и што предлага HDE.

    Aldi Sud најави дека од први октомври доброволно ќе ги зголеми платите на вработените до 5,3 проценти и надоместоците за обука за 50 евра.

    И во Aldi Nord е прифатена препораката – примањата ќе пораснат за 5,3 насто, а од октомври во истиот обем треба да се зголемат и платите на приправниците.

    Компаниите Lidl и Kaufland, кои припаѓаат на групацијата Schwarz, исто така од октомври ќе ги зголемат платите на работниците за 5,3 проценти.

    Најголемиот германски продавач на храна Edeka не го коментираше зголемувањето на платите.

    Како што пишуваат германските медиуми, одлуки за зголемување донеле и во Netto и во Ottoо.

    Во Netto покачувањето на платата важи за сите вработени во администрацијата, во продавниците и во двата логистички центри кои работат со колективен договор. Во Otto секој што работи со колективен договор може да се надева на зголемување на платата, но и практикантите. Netto и Otto ја нагласуваат доброволната природа на нивните мерки.

    Синдикатот Verdi не е задоволен од препораките на HDE за зголемување на платите.

    „Таквото зголемување на платите во тековната година не е ништо помалку од шлаканица за вработените во малопродажбата“, рече шефот на Verdi, Франк Вернеке.

    „Тоа се 92 центи на час за продавачка, а тоа значи губење на реалните плати. Вработените и онака добиваат многу ниски плати, а инфлацијата во последните месеци дополнително ги јаде платите“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично