
Германија е најголемиот европски пазар за медицински канабис и клучна дестинација за извоз од Македонија. Во разговорот, првиот човек на „НЈСК Холдинг“ Сашо Стефаноски во поткастот „Каде се парите?“, изнесува конкретни бројки за бројот на пациенти, растот на побарувачката и вредноста на пазарот, кој веќе се мери во милијарди евра. Бидејќи Германија е стратегиски важна прашање е како македонските компании да се позиционираат во една од најстрого регулираните, но и најпрофитабилните европски економии. Исто така, голем и богат пазар е тој во Велика Британија.
„Германија во моментов е најголема економија во Европа и во исто време е најголем пазар за производи од ваков тип, медицински канабис во Европа. Но, што е значајно во Германија, дека бројот на пациенти во само една година е дуплиран. Во моментов во Германија има регистрирано околу 900.000 пациенти. Капацитетот на пазарот е да достигне околу 2.500.000 до 3.000.000 пациенти и за ова што го кажувам се, цитирам кредибилни извори, затоа што овие сериозни земји си прават сопствена аналитика и споредуваат со тоа колку луѓе користат канабис во ова што, од црн пазар, а колку од нив се трансферираат на медицинскиот пазар, затоа како што кажавме претходно, добар дел од луѓето корисници на канабис на црниот пазар, сепак го користат поради некоја медицинска потреба.“
Следете нè и притиснете „subscribe“
Аналитика








