ПОВЕЌЕ

    Германија го менува курсот: Дали ЕУ ќе усвои шема за осигурување на депозити

    Време зa читање: 2 минути


    Германската канцеларка Ангела Меркел сигнализираше поддршка за намерите на нејзиниот заменик за прекин на долгогодишниот застој на европската банкарска интеграција.

    Нејзините забелешки во понеделникот вечерта, посочуваат дека предлогот на германскиот министер за финансии, иако не е официјално одобрен од владата, одразува подготвеност да преговара за поставување на шема за осигурување на банкарските депозити на ниво на Европската унија. Тоа беше клучен столб на стратегијата на Европа за излез од кризата на државниот долг, но дебатите низ годините досега не успеаа да дадат резултати.

    „Ние сè уште ќе разговараме за деталите внатре во германската влада, но сето тоа оди во насока којашто ни е потребна. Имено, ние мора да напредуваме“, рече Меркел.

    Седумгодишниот обид на Европа да ги прекине врските помеѓу банките и нивните матични земји ги закочи фискално конзервативните северно-европски земји кон нивните соседи на југот, а помалите земји од еврозоната кон поголемите земји. Германија досега се спротивставуваше на заедничка европска гаранција за банкарските депозити, велејќи дека банките во послабите земји мораат прво да го намалат ризикот на нивните биланси.

    Иако потврдува дека заедничкото осигурување на депозити ќе биде „огромен доказ за доверба“ и дека напредокот ќе биде само постепен, Меркел кажа дека Германија е посветена за постигнување на оваа цел.

    Првичната реакција на Италија на предлогот на Шолц беше ладна, при што министерот за финансии Роберто Гуалтиери цврсто го отфрли клучниот елемент на предлогот. Говорејќи во четвртокот во Брисел, Гуалтиери го повтори спротивставувањето на Италија за воведување построги правила за банките кои имаат домашен државен долг. Италија, со најголем долг во еврозоната, верува дека секој потег во таа насока сериозно ќе го загрози нејзиниот финансиски систем.

    Извор: Bankar.rs

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично