Инвестицијата во овој дел ќе биде 25 милиони евра и се предвидува вработување на 400 лица. Платите ќе бидат двојно поголеми од просечните во С. Македонија“, изјави премиерот Зоран Заев на официјалното отворање на фабрика „Гересхајмер“ во Технолошко индустриска развојна зона Скопје 2, Бунарџик.
Tој наведе дека компанијата има амбициозен план и дека ова од денес ќе биде и домашна компанија, затоа што ќе произведува домашно македонско производство.
„Ова е нивна прва инвестиција во југоисточна Европа“, рече премиерот.