ПОВЕЌЕ

    ГЕНЕРАТИВНАТА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПОД ЛУПА НА ОН: Човековите права прва жртва?

    Време зa читање: 2 минути

    Генеративната вештачка интелигенција може да прерасне во „современо чудовиште на Франкенштајн“ доколку се остави без контролa, предупредија Обединетите нации, истакнувајќи дека токму човековите права би можеле да бидат првите што ќе ја почувствуваат тежината од нејзината злоупотреба.

    На отворањето на Форумот за бизнис и човекови права, високиот комесар на ОН за човекови права, Волкер Турк, зборуваше за двојната природа на новите генеративни технологии. Тој нагласи дека вештачката интелигенција нуди огромен потенцијал, но и дека истовремено отвора пат за манипулации и дезинформации доколку се користи исклучиво за политичка или економска добивка.

    „Кога технолошките корпорации туркаат напред со иновации без да размислат за последиците, човековите права многу лесно можат да бидат прегазени,“ рече Турк. Според него, веќе се видливи ризици за приватноста, слободата на изразување, учеството во демократијата и пазарот на труд.

    Тој предупреди дека во отсуство на цврсти регулативи, системите на вештачка интелигенција можат да излезат од контрола и „да се претворат во модерно Франкенштајново чудовиште“ – создадено од луѓето, но со последици што тие не можат да ги предвидат.

    Високиот комесар нагласи дека ваквите опасности не се хипотетички: „Денешните закани многу лесно можат да се преточат во реални штети, кои не само што би го поништувале потенцијалот на технологијата, туку и би создавале непредвидливи последици.“ Тој повика владите да делуваат координирано и одговорно за да го спречат тој развој.

    Покрај опасностите од генеративната вештачка интелигенција, Турк укажа и на уште еден тренд: огромната концентрација на корпоративна моќ и богатство во рацете на мал број компании. Според него, тоа создава дисбаланс кој во поединечни случаи е поголем од економиите на цели држави, што отвора простор за злоупотреби кога таквата моќ не е ограничена со закон.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично