ПОВЕЌЕ

    Генералниот директор Пецовски купи уште две акции од „Реплек“

    Време зa читање: 2 минути

    Душан Пецовски, претседател на Управниот одбор, купи две нови акции од „Реплек“. Сега, во сопственост има 3.115 или 12,02 отсто од вкупниот број акции издадени од фармацевтската компанија.

    За трансакцијата од „Реплек“ известија преку ценовно чувствителна информација објавена на Македонска берза.

    Во последно време акциите на скопската фармацевтска куќа се интересни за тргување, а се случија и промени во сопственичката структура. На почетокот од месецов „Биотек“ стана сопственик на 1.634 обични акции, со што има 6,30 проценти од вкупниот број. А, Славица Туџарова-Трајковска со тогашната продажба, повеќе не е акционер со над пет проценти, односно со 787 акции нејзиниот удел е 3,04 отсто.

    Нешто подоцна во текот на месецов, уделот го зголеми и „Ситко Антонио“ ДООЕЛ Скопје, друштво за трговија и услуги, во чија сопственост се 1.650 акции, односно 6,37 отсто. Акционер со над пет проценти е и Владимир Пецовски, кој има 1.625 обични акции или 6,27 проценти.

    Сето ова е индикатор дека на „Реплек“ добро му оди. За потсетување, во првата половина од годината сегментот фармација обезбеди приход од 11,2 милиони евра, во најголемиот дел од продажба на странските пазари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично