ПОВЕЌЕ

    Џенерал Моторс до 2035 година ќе произведува само електрични автомобили

    Време зa читање: 2 минути

    Најголемиот американски производител на автомобили, Џенерал Моторс, објави дека од 2035 година исклучиво ќе продава автомобили, џипови и лесни камиони со нула емисија на издувни гасови.

    Компанијата исто така планира да стане јаглерод-неутрална до 2040 година, а драматичен пресврт беше најавен нешто повеќе од една недела откако Џо Бајден го презеде претседателското место, ветувајќи дека ќе се бори против емисиите на гасови и ќе ја зголеми продажбата на електрични возила.

    Џенерал Моторс минатата година продаде 2,55 милиони возила на домашниот пазар, но само 20.000 од нив беа електрични. Во ноември тој објави дека ќе инвестира 27 милијарди долари во електрични и автономни возила во следните пет години, наспроти планираните 20 милијарди пред пандемијата.

    Извршниот директор на Џенерал Моторс, Мери Бара, ја охрабри компанијата да се сврти кон електрични возила и да се оддалечи од бензинот. Џенерал Моторс, во соработка со еколошкото здружение ЕДФ, создаде „визија за целосно електрична иднина“ и сака да ја елиминира емисијата на штетни гасови од лесните камиони до 2035 година, објави Бара во соопштението.

    Џенерал Моторс и другите големи производители на автомобили минатата година застанаа на страната на тогашниот претседател Доналд Трамп, кој се соочи со тужба за планираното укинување на стандардите за емисии до 2026 година. Во ноември, сепак, Џенерал Моторс се повлече од посебен правен спор, во кој тој исто така застана на страната на кабинетот на Трамп, поддржувајќи ги неговите напори да забрани Калифорнија да воведува регулативи за емисии самостојно.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично