Испораките на руски природен гас „Газпром“ во странство изнесуваа 152,2 милијарди кубни метри во периодот од 1 јануари до 15 октомври, што претставува зголемување од 13,1 проценти во споредба со истиот период минатата година.
Според „Газпром“, компанијата во споменатиот период произвела 399,4 милијарди кубни метри природен гас, што е зголемување за 16,6 проценти во споредба со истиот период минатата година, пренесува Анадолија.
Извозот на природен гас на Газпром се зголеми за 125,3 проценти во Турција, 28,2 проценти во Германија, 16,3 проценти во Италија и 288,6 проценти во Романија.
Испораката на гас на компанијата, исто така, се зголеми за 112,1 проценти во Србија, 52,7 проценти во Бугарија, 10 проценти во Полска, 12,9 проценти во Грција и 15,3 проценти во Финска.
Покрај тоа, се наведува дека дефицитот на гас во подземните складишта во Украина е на ниво од 33 проценти.