
Денес технологија не само што ви го олеснува животот, туку и ве штити од злонамерни настани. Galaxy AI и Samsung Knox се создадени токму со таа идеја — да ви дадат контрола, доверба и мир во дигиталниот свет кој никогаш не спие.
Интелигенција што работи за вас, не против вас
Galaxy AI е повеќе од вештачка интелигенција – тоа е ваш личен дигитален асистент кој ги обработува податоците што ги внесувате директно на уредот, а не некаде во облак. Кога преведувате разговор во реално време, диктирате белешка или уредувате фотографија, податоците остануваат кај вас. Имате избор – дали сакате функциите да користат Cloud AI или само локална обработка. Преку панелот за приватност, гледате која апликација има пристап до микрофонот, камерата или локацијата и со еден допир можете да го ограничите пристапот.
Knox: Чуварот на вашата доверба
Кога станува збор за безбедност, Samsung Knox е вашиот невидлив телохранител. Тој овозможува само доверливи апликации да бидат инсталирани на вашиот уред, без ризични downloads кои носат вируси или крадат податоци.

Колку пати ви се случило, кога ќе инсталирате нова апликација на вашиот нов Galaxy Z Fold7 или Flip7, да ве пречекаат безброј барања за дозволи? „Дали дозволувате пристап до вашите фотографии?“ – иако сакате само да испратите едно меме. Knox овозможува да кажете „доста е“ – и да задржите контрола над тоа што споделувате.
KEEP: новото ниво на заштита
Со најновата иновација, Knox Enhanced Encrypted Protection (KEEP), Samsung оди чекор понатаму. Секојдневно користиме десетици апликации – банка, фитнес, апликација за нарачка храна… Секоја чува парче од нашата приватност: ПИН кодови, здравствени податоци, адреси за достава.
KEEP ги сместува сите тие информации во шифрирани, апликациски-специфични простори во најбезбедниот дел од телефонот. Тоа значи дека апликацијата за фитнес никогаш нема пристап до вашите банкарски информации, ниту пак апликацијата за нарачка на пица не може да ги види вашите здравствени податоци. Секој има своја „соба“ – заклучена и недопирлива, исто како дома кога секој член на семејството има свое катче.
А ако телефонот се изгуби? Knox овозможува далечинско бришење, со што чувствителните информации исчезнуваат пред да паднат во погрешни раце.
Совршен тандем: Galaxy AI + Knox
Galaxy AI и Knox работат рака под рака. AI ви го олеснува секојдневието со преводи, со отстранување на шумови од снимките или паметно едитирање фотографии, додека Knox се грижи никој непоканет да не ѕирне во позадината.

Биометриската автентикација и повеќестепените заштити на уредите како Galaxy S25 гарантираат дека пристап има само сопственикот. Усогласеноста со најстроги регулативи за приватност и безбедност даваат дополнителен мир – и за поединци и за компании.
Живејте слободно, без страв
Во свет преполн со дигитални закани, Samsung ви нуди нешто повеќе од технологија – ви нуди сигурност да живеете слободно. Galaxy AI ја прави технологијата попаметна, Knox ја прави безбедна, а вие ја имате контролата.
Аналитика








