ПОВЕЌЕ

    Гацов за (по)добро здравство: Јавно или приватно – бира пациентот, ФЗО плаќа

    Време зa читање: 3 минути

    Здравствениот модел на финансирање е застарен и потребни се промени. Треба да се тргне од тоа дека сопственоста и институциите не лекуваат, туку лекарите со опремата што им е достапна. Затоа ФЗО треба да го финансира „натпреварот“ на добрите со помалку добрите лекари, препорачува даночниот експерт Павле Гацов и упатува на искуството во Турција, каде што здравството од „второлигашко се трансформира во вселенско“.

    Согледувањата и препораките на Гацов, напишани на неговиот „Фејсбук“ профил, со наслов „Македонски модел за финансирање на ДОБРО ЗДРАВСТВО (реформа на финансирањето): Сопственоста не лечи!“ – ги пренесуваме интегрално:

    „Информацијата за ангажирање на доктори од приватни болници за сметка на ФЗО, покажува дека моделот на финансирање на македонското здравство е застарен.

    ЗА ТРИ МЕСЕЦИ СИТЕ ЗАЕДНО СМЕ „ПОТРОШИЛЕ“ над 22 милиони часа зборувајќи на телефон

    Застареното се менува со ново, помодерно, поЗДРАВО…

    Да појаснам: сопственоста над болниците не ги лечи луѓето, дури и институциите (со оглед на нивната имагинарност) не ги лечат луѓето, тоа го прават лекарите со помош на опремата.

    Лекувањето (доминантен дел) се финансира од ФЗО, со пари на граѓаните (финансиери на јавното здравство се работниците кои плаќаат придонес за здравство – обично и професионално, од својата бруто плата по збирна стапка од 8%).

    Јавното здравство не е добро, приватното е добро.

    Иако приватното е подобро здравство, државата продолжува да го плаќа САМО јавното здравство. Приватното здравство го плаќа секој сам, односно приватното здравство не се плаќа со парите на ФЗО (претходно прибрани од работниците).

    Бидејќи сопственоста не лечи, и ние пред Уставот не ги разликуваме видовите сопственост (не преферираме некоја сопственост посебно: државна Vs приватна), произлегува дека државата (ФЗО) треба да го финансира ‘натпреварот’ на добрите со помалку добрите лекари, мотивирајќи го процесот на подобрување на услугите од една страна, а од друга зголемувајќи го задоволството на корисниците/пациентите кои претходно самите обезбедиле средствата за плаќање на здравствените услуги од своите плати (придонесот за здравство не е прибран само од вработените во државниот/јавниот сектор, за да се линкува со финансирањето само на државни/јавни здравствени институции).

    Премиси за изменето и модерно финансирање на македонското здравство (без атрибут за сопственоста), би биле следните:

    – лекувањето се прави по избор на пациентот во било која акредитирана здравствена установа во земјата,

    – плаќањето го врши ФЗО кон македонската здравствена установа,

    – ФЗО како регулатор го следи однесувањето на лиценцираните здравствени установи, најдобрите (јасни и проверливи модели на рангирање) ги наградува посебно, послабите им дава насоки за подобрување и им дава време за исправка на забелешките.

    По изминување на даденото време за отстранување на забелешките, ФЗО проверува што е реализирано од страна на здравствената нституција. Институциите што нема да се подобруваат ќе отпаѓаат од финансирањето од ФЗО и ќе можат да работат целосно според пазарен принцип (пазарот ги отфрла неконкурентните). Вака може да работат и институции кои воопшто нема да сакаат да работат за сметка на пациентите финансирани од страна на Фондот.

    Менаџментот на ФЗО нека провери како Турција успеа здравството од второлигашко да го трансформира во вселенско“.

    МАКЕДОНИЈА ИМА 6,9 ТОНИ МОНЕТАРНО ЗЛАТО, светски шампион е Сад

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично