„Во подкастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, даночниот експерт Павле Гацов објаснува како сивата економија сериозно го поткопува буџетот на државата. Тој предлага конкретни мерки за справување со нерегистрираните субјекти и нагласува дека ова е клучот за подобра економска стабилност. Предлага да се посвети големо внимание и на онлајн трговијата.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот, на нашиот ЈуТјуб канал. Не заборавајте да притиснете „сабскрајб““ и да го следите нашиот канал!“
„Во Македонија има многу економски факултети. Пет, еве три, по десетина деца да формираат работни групи во Управата за јавни приходи и да ги следат тие сајтови. Ако треба и лажно нека се пријавуваат да бараат, да купат некакви чачкалици, незнам, трепки за очи итн. и нека ги регистрираат сите за да видат колку многу, како мравки се намножија, а не плаќаат никакви даноци и притоа ги возат истите улици што ние ги возиме и притоа одат на истиот лекар, дури пред нас се во редот. Затоа кога ќе кажеме стапка да биде на 19,5 треба прво за ова да зборуваме. Не зборам за корупцијата, туку за сета сива економија каде што се милиони евра.“