ПОВЕЌЕ

    ГАЦОВ за „КАДЕ СЕ ПАРИТЕ?“: Осигурување на депозити треба да се зголеми

    Време зa читање: 2 минути

    Македонија заостанува зад регионот во осигурувањето на депозити. Во подкастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, Павле Гацов предлага зголемување на лимитот за осигурување на депозити на 100.000 евра. Оваа промена може да ја зајакне довербата во банкарскиот сектор.

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Следете нè за повеќе информации!“

    „Осигурувањето ќе оди до 100.000 евра по граѓанин по сметка во една банка и плус ќе се осигурат депозитите на микро и малите субјекти, што е исклучително важно. Ваков закон има Црна Гора, ваков закон има Албанија, Србија. Значи ние застанавме во времето. Ниту тие не се членки во ЕУ, за ЕУ осигурувањата се далеку од посилни за ова што го зборувам. Зошто ова го кажувам? Можеби затоа што веќе се засили и економската база и на граѓаните, ама и компаниите станаа малку посилнички отколку во 2010 и добро е за да се засили вербата, сигурноста, во финансискиот систем, Фондот за осигурување на депозити да најде механизам, стапката на прибирање на придонесот за осигурување на депозити на банките коишто и така се многу ликвидни – оваа година може да завршат и со 300 милиони или малку помалку профити. Нека ми најде некој во опкружувањето или бизнис што носи такви профити, јас ќе замолчам и нема да зборам веќе никогаш на оваа тема. Шанса е заради добрите профити да се зголеми стапката на прибирање во Фондот за осигурување на депозити, да се покачи на 100.000 евра да ги мотивираме со мерки граѓаните под перница што ги имаат парите кои велат не внесувам зашто веќе имам 30.000 ставено, ама нели другите не ми се осигурани, да ги мотивираме да ги извадат, да ги внесат во стопанството, па нашата држава наместо од Унгарија, задолжувањето да го прави во Македонија и каматите да ги плаќа во Македонија. “

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично