Дали треба да се зголеми ДДВ од 18 на 19%?
Може ли вистински реформи без болни резови?
Дали фискалната политика на Владата е одржлива на среден и долг рок?
Колку е сериозно предупредувањето на Светската банка дека состојбата со даноците е лоша?
Дали дојде време сериозно да се отвори дебата за даноците и пензиите?
Одговорите ќе ги добиете во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ а зборува даночниот експерт Павле Гацов.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот на пладне, а потоа кога сакате може да не гледате на нашиот YouTube канал кој ќе го најдете ако во пребарување на кирилица напишете parimedium. Ќе ви се појавиме и тие сме.
Секако, секоја содржина што ја подготвуваме за вас е бесплатна, но затоа многу ни значи ако притиснете „сабскрајб“ и почнете да не следите. Секое добро, и се гледаме премиерно секој четврток или кога и вие да посакате потоа.