ПОВЕЌЕ

    Претстојниот самит на Г-20 како катализатор на vision 2030 стратегијата

    Време зa читање: 5 минути

    Еден од побитните датуми во економскиот календар до крајот на 2020 година е одржувањето на 15-тото издание на Г-20 самитот. Г-20 групата е последната творба како поствоена иницијатива за меѓународна координација на економските политики, после нејзините претходници од типот на Бретон Вуд системот, Меѓународниот монетарен фонд, Светска Банка и Светската трговска организација. Г-20 групата е составена од 19 држави и ЕУ(преку одредени нејзини претставници) и нејзиното годинешно издание е закажано за 21 и 22 ноември. Иако истото требаше да се одржи во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, сепак здравствените протоколи наложуваат виртуелен состанок.

    Оваа група претставува 4,6 милијарди луѓе, додека вкупниот БПД се проценува на околу 69 трилиони американски долари, што е скоро 80% од глобалната економија. Трите најбитните точки кои ќе бидат содржински дел на агендата се однесуваат на:

    1. Зајакнување на индивидуализмот, преку создавање услови во кои сите луѓе, а особено младите и жените ќе можат да живеат, работат и напредуваат.
    2. Зачувување на планетата преку потикнување на заеднички напори за заштита на глобалните добра.
    3. Обликување на нови граници преку усвојување на долгорочни и смели стратегии за споделување на придобивките од иновациите и технолошкиот напредок.

    За да може да добиеме претстава за големината на организацијата и колку ќе бидат битни одлуките што ќе се донесат на овој самит ќе се обидеме да направиме анализа на одредени статистичките податоци:

    Извор: www.cntg.com

    Од водечките економии во Г-20 групата единствено се истакнува Кина во поглед на растот на БДП во вториот квартал од 2020 година, во споредба со истиот период лани. Кина остварила пораст од 3.2%, додека останатите земји бележат негативни вредности. Притоа како водечки економии, во негативна смисла на зборот, се Индија со пад од 23.9%, а следи Велика Британија со пад од 21.7%. Тоа е групата на земји кои бележат пад од над 20%. Следната група е земји со пад од 10-20% и во неа најголеми вредности имаат Франција, Мексико и кумулативно, членките на Еврозоната.

    Извор: www.statista.com

    Една од причините за падот на БДП секако е и здравствената криза и нејзините импликации врз националните економии. Графикот погоре дава одлична слика за тоа како државите се справуваат со кризата и во колкава мера (како процент од БДП) се фискалните стимуланси во економијата.

    Предводник на оваа листа се САД со 11%, па после тоа следат Австралија и Канада, со 9.7% и 8.4%, додека на дното во групата под 1% се наоѓаат Јужна Кореја, Индија, ЕУ, Индонезија и Јапонија. Оваа табела јасно покажува со колкав приоритет и проактивност делуваат најразвиените земји, а исто така ова би требало да биде водилка при анализа на пост-ковид статистиките. Се очекува дека земјите кои имаат најголеми стимулативни пакети треба побрзо да се опорават и нивните порасти да бидат со позабрзано темпо.

    Домакинот на оваа средба, принцот Mohammed bin Salman bin Abdulaziz, уште пред 4 години  го најави проектот Vision 2030, а се очекува после оваа средба истиот да започне да се имплементира со зголемен интензитет.

    Саудиска Арабија која сеуште важи за затворена земја со ниско ниво на капитализам и демократија, преку оваа стратегија има зацртано план да го промени изгледот на економијата и да го подобри стандардот на граѓаните, да ја отвори за надворешните инвеститори, да посвети поголемо внимание на експлоатацијата на нафта и зачувување на животната средина, да ги зголеми можностите за учество на жените во општествениот живот и слично.

    Покрај овие општи насоки, клучните сегменти на стратегијата раководејки се на анализата на www.go-gulf.com се следните:

    1. Зголемување на учеството на придонесот на Малите и средни претпријатија во вкупниот БДП од сегашните 20%, до 35% до крај на 2030 година. Пораст на придонесот на приватниот сектор во БДП од 25 п.п.
    2. Учеството на ненафтениот извоз во ненафтениот БДП за се зголеми од 16% на ниво од 50%, а со тоа ненафтените приходи да се зголемат до ниво од 1 трилион саудиски ријали (1 SAR=0.27 USD)
    3. Зголемување на странските директни инвестиции од 3.8% од БДП, до нивна хармонизација со меѓународното ниво од 5.7%.

    Годинешното издание на самитот треба да донесе нови перспективи за управување со новата реалност и нормализирање на ситуацијата со пандемијата, иако нејзините цели се конципирани кон економијата, финансиите и глобалната стабилизација. На економски план не се очекуваат некои позначителни поместувања и се очекува овој самит да ги зголеми изгледите за конвергенција на сите земји членки кон принципите за еднаквост на можностите за партиципирање кон националните ресурси и нивно активирање во креирањето на глобалниот аутпут.

    Со тоа, предизвиците за справување со невработеноста, сиромаштијата и цивилната заштита ќе добијат меѓународен карактер, а протокот на капитал ќе биде насочен кон креирање на дополнителна вредност за развој на технологијата, како примарен аспект за иден раст и развој.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично