ПОВЕЌЕ

    Фруктал Мак со двојно зголемена добивка

    Време зa читање: 2 минути

    Фабриката Фруктал Мак АД Скопје забележа позитивни финансиски резултати во текот на минатогодишното работење. Ефектот од успешното делување е удвојување на нето добивката споредено со 2021 година – 821,2 илјади евра (50.555.000 денари), наспроти претходните 390,6 илјади евра (24.048.000 денари).

    Вкупните оперативни приходи се во износ од речиси девет милиони евра или 551.897.000 денари. И тука има зголемување во однос на претходната 2021, кога биле евидентирани 7,5 милиони евра (467.025.000 денари).

    Што се однесува до приходите од продажба, и кај нив има раст, а во најголем дел произлегуваат од пласманот на сопствените производи на домашниот и на странските пазари. Тоа на фирмата и обезбедило вкупнен приход од 8,9 милиони евра (553.398.000 денари).

    Во споредба со 2021 година, зголемени се и финансиските приходи, кои изнесуваат 24,3 илјади евра, односно 1.501.000 денари.

    Оперативните расходи, пак, за периодот јануари-декември 2022 се 8,03 милиони евра (494.466.000 денари). Една година претходно биле пониски – 7,06 милиони евра или 435.116.000 денари.

    Намалување е забележано кај финансиските расходи, кои се во износ од (1.850.000 денари).

    Во текот на минатата година не биле исплатени дивиденди од страна на Фруктал Мак

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично