ПОВЕЌЕ

    Францускиот моден тајкун e најбогатиот човек на светот

    Време зa читање: < 1 минутa

    Францускиот моден тајкун Бернард Арно е најбогатата личност во светот, со проценета нето вредност од 186,3 милијарди долари.

    Оваа сума го става на врвот на листата на најбогати луѓе во светот со 300 милиони долари повеќе од Џеф Безос, кој вреди 186 милијарди долари и Илон Маск, чие богатство се проценува на 147,3 милијарди долари, според Форбс.

    Богатството на Арно скокна од 76 милијарди долари во март 2020 година на 186,3 американски долари во понеделникот, кое е огромно зголемување од над 110 милијарди долари во последните 14 месеци, благодарение на деловната активност на неговата групација LVMH (Луј Витон Моет Хенеси), која и пркоси на пандемијата.

    LVMH, која вклучува брендови како Фенди, Кристијан Диор и Живенши, a доби 0,4% во текот на првите часови на тргување во понеделникот, достигнувајќи пазарна капитализација од 320 милијарди долари, а личниот удел на Арнаул се зголеми за повеќе од 600 милиони долари.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично