ПОВЕЌЕ

    Француската брза железница ќе биде парализирана цел викенд и по започнувањето на Олимпијадата

    Време зa читање: 2 минути

    Линиите за брзи возови во Франција беа цел на повеќе злонамерни дејствија, вклучително и подметнување пожар, кои го нарушија транспортниот систем и ги прекинаа најпрометните линии на нацијата на денот пред церемонијата на отворање на Олимписките игри во Париз.

    Француската државна железничка компанија SNCF го нарече прекинот во текот на ноќта „масовен напад чија цел е да ја парализира мрежата на брзата линија“.

    Францускиот премиер Габриел Атал напиша на X дека француските разузнавачки служби биле мобилизирани за да ги пронајдат сторителите, окарактеризирајќи ги нападите како „акти на саботажа“, кои биле „подготвени и координирани“.

    Министерот за транспорт, Патрис Вергриете, го нарече „масовниот напад“ врз железничката мрежа „срамотен криминален чин“. Тој ги опиша луѓето кои бегаат од местото на пожарите и откритието на запаливи средства на местото.

    SNCF рече дека многу правци ќе мора да бидат откажани „барем цел викенд додека се вршат поправки“, со илјадници вработени во железницата распоредени за да ја санираат штетата.

    Извршниот директор Жан-Пјер Фаранду рече дека околу 800.000 клиенти биле погодени пред напорниот викенд за туристите.

    Подметнувачите на пожар беа насочени кон инсталации долж линиите што го поврзуваат главниот град Париз со западниот, северниот и источниот дел на земјата. Југоисточната линија не беше засегната бидејќи „беше спречен злонамерен чин“, рече железничкиот оператор. Ги повика патниците да ги одложат патувањата и да се држат подалеку од железничките станици.

    Погодени беа и возовите за соседна Белгија и за Лондон под Ла Манш.

    Нападот се случи во позадина на глобални тензии и зголемени безбедносни мерки додека градот се подготвуваше за церемонијата на отворање на Летните олимписки игри.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично