Францускиот јавен долг надмина 113% од нејзиниот БДП и се движи во алармантна насока. Структурата на долгот и нискиот маневарски простор на Владата во Париз го отежнуваат носењето реформи. Без фискална консолидација, Франција може да се соочи со слично сценарио како Грција во 2009 година. Дали Европската унија и Светот се подготвени за нова должничка криза? За ова зборуваме со поранешната гувернерка на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска која во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ за првпат се појавува во јавноста откако не е на функцијата прв човек на Централната банка.
„Во Франција, оно што е значајно, не е предизвик само вкупната големина на јавниот долг, иако тој е еден од највисоките, после Италија мислам, тој е највисок долг во рамки на Европската унија. Таму проблем е и структурата на самиот долг. Дискрекционниот простор, односно маневарот кој што го имата носителите на политиките е реално мал, имајќи ги во предвид, законските обврски за исплати на голем број на буџетски алокации. Што значи дека фискалната консолидација, во основа, бара потреба од посеопфатни реформи, системски реформи, кои што секако не е едноставно да се спроведат, особено во овој социјален контекст, кои по правило се болни како реформи, но верувам дека Француската влада секако ќе изнајде соодветен начин за постепена фискална консолидација, која што на среден рок нема да го загрози фискалниот простор“.
Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!“