ПОВЕЌЕ

    ФРАГМЕНТАЦИЈА И РИЗИЦИ ЗА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА – Анита Ангеловска Бежоска во „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Фрагментацијата на глобалната економија веќе не е хипотеза – таа се случува. Новите геополитички поделби создаваат трговски и технолошки блокови во кои има сè помалку трговска и технолошка размена. Според ММФ, економскиот раст во најлошото сценарио може да падне и до 12% на светско ниво ако продолжи технолошката изолација. Македонија, како мала и отворена економија со блиску 150 отсто изложеност од својот БДП, е особено ранлива на вакви глобални текови. За ова зборуваме со поранешната гувернерка на Народната банка Анита Ангеловска Бежоска која во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“ за првпат се појавува во јавноста откако не е на функцијата прв човек на Централната банка.

    Според проценките на Меѓународниот монетарен фонд, ефектот не би бил незначаен, ефектот би бил особен изразен. Тие проектираат можен пат на економската активност од 0,2% до околу 7%, значи понизок економски раст, а дури доколку овие процеси се проследени со технолошка фрагментација, тогаш можат да достигне и до 12%. Зошто, да се вратам еден чекор поназад? Глобализацијата, односно растечката трговија, со децении наназад имаше бројни предности за глобалната економија. Самата економска, трговска, финансиска, технолошка интеграција на земјите во светот, придонесе, всушност има истражувачки материјали кои што упатуваат на тоа, до значаен раст на светскиот доход, намалување на светската сиромаштија, а особено на намалување на сиромаштијата и зголемување на доходот во помалку развиените економии“.

    Премиерата е во четврток, во 12.00 часот. Притиснете „сабскрајб“ за повеќе анализи!

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично