
Поранешниот вицепремиер Васко Наумовски ги објаснува „меѓумоделите“ што се разгледуваат во ЕУ за тоа како да се задржи фокусот на проширувањето, без да има вистинско проширување со нови членки. Во игра се поголем пристап до фондовите и заедничкиот пазар, па дури и форма на членство без право на глас. Ова би биле корисни, преодни алатки, но не и замена за полноправно членство, вели Наумовски. Ова е клучна рамка за македонската политика кон Унијата.
„И сега овој модел можен на пристап до фондовите, или пак дури има еден модел членство во Европската унија, односно форма на членство која што ќе претпоставува користење на фондовите, учество во некои од политиките, меѓутоа без право на глас во институциите. …И сега, од една страна тие иницијативи се за поздравување затоа што се обидуваат да направат некаков пробив на полето на проширувањето, но од друга страна тоа, како што кажа Виктор, не треба да биде замена за крајната цел за полноправното членство..“
Премиера: четврток 12:00 часот, притиснете „Subscribe“ и следете нè.
 Аналитика



                                    
                                    




