Групацијата на “Флекс кредит” се шири во Шпанија со бизнис- моделот кој се практикува во Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија. Отворена е првата филијала во Валенсија. Финансиското друштво во оваа европска држава функционира под името „Кредитеро“.
Од “Флекс кредит” велат дека ова е голем чекор за нив, но и генерално за домашниот финансиски систем. Македонски бренд се позиционира на развиен пазар и тоа е додадена вредност за целата држава. Дополнително, се планира во следните три години во Шпанија да се отворат повеќе од 120 филијали.
Ова е предизвик за финансиското друштво кое е силно уверено во идната успешност на брендот и секако, потврда за успешната работа досега.
„Кредитеро“ во Шпанија постои веќе две години, но досега функционираше само како онлајн финансиско друштво, кое нуди брзи и лесни кредити.