ПОВЕЌЕ

    Фјучерсите откриваат што очекуваат инвеститорите од кризата на Блискиот Исток – Горан Марковски од КБ Инвест во „Каде се парите? со Горан Теменугов“

    Време зa читање: 2 минути

    Кога има геополитичка криза, инвеститорите веднаш бараат сигнал колку долго би можела да трае нестабилноста на пазарите. Еден од најважните индикатори се цените на фјучерсите, кои покажуваат какви се очекувањата за движењето на нафтата и другите суровини. Во поткастот „Каде се парите? со Горан Теменугов“, Горан Марковски од КБ Инвест објаснува дека токму фјучерсите откриваат како пазарот ја проценува должината на кризата и потенцијалното смирување на цените. Овие инструменти често ги користат големите производители за да се заштитат од ризик и да ја стабилизираат профитабилноста. Затоа движењата на фјучерсите се важни и за економијата и за инвеститорите.

    „Таа е динамиката која што ја претпоставува пазарот низ призма на цените на фјучерси. Очекуваат дека уште овие месец – два ќе има зголемени тензии што ќе водат повисоки цени на нафтата и во периодот што следи после тоа, ќе дојде до постепено нормализирање, претпоставувам, на тековите на движења и на цените. Интересно е да спомене дека големиот од производителите непосредно по почнување на оваа криза продава нафта на повисоки цени преко овој тип на инструменти во очекување дека токму тоа е. Овој шок е краткорочен и нестабилноста треба да се искористи заради зголемување на нивната профитабилност.“

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично