ПОВЕЌЕ

    „Фич“: Профитот на кинеските банки ќе продолжи да опаѓа и во втората половина од 2020 година

    Време зa читање: 2 минути

    Кинеските банки најверојатно ќе забележат поголем пад на профитот во втората половина од оваа година, бидејќи се очекувa дополнително да се зголемат лошите заеми како резултат на пандемијата на коронавирусите, според оценките на рејтинг агенцијата „Фич“.

    Во периодот од јануари до јули оваа година, нето-добивката на кинеските банки падна за 9,4%, на околу 1 трилион јуани (146,2 милијарди долари), во споредба со првата половина од 2019 година, како резултат на пониските маржи и поголемите очекувани загуби на кредитите објави рејтинг агенција во извештајот од средата. Пет кинески мегабанки пријавија пад на профитот од најмалку 10% на годишно ниво – нивниот најголем пад на заработката во последната деценија.

    „Фич“ известува дека кинеските власти имаат за цел да се ослободат од 3,4 трилиони јуани (497 милијарди долари) лоши заеми од банкарскиот сектор оваа година. Само околу една третина од тоа  или 1,1 трилиони јуани (160,8 милијарди долари)  беа отпишани во првата половина на 2020 година, додаде агенцијата.

    Кина, првата земја погодена од коронавирусот, беше меѓу првите што забележа економско закрепнување. Но, остануваат многу предизвици и притисокот врз профитабилноста на кинеските банка може да продолжи и следната година, извести „Фич“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично