ПОВЕЌЕ

    ФИНГЕРПРИНТ ЗА ПРИСУСТВО НА ДОКТОРИТЕ – ЌЕ СЕ ВИДИ КОЈ РАБОТИ, А КОЈ НЕ – Азир Алиу за поткастот „Каде се парите?“

    Време зa читање: 2 минути

    Евиденцијата на присуство на работа во здравството станува клучна алатка за намалување на злоупотребите и подобрување на услугите кон пациентите. Министерот за здравство Азир Алиу во поткастот „Каде се парите?“ најавува систем за следење на работното време на здравствените работници, кој ќе овозможи јасна слика кој е на работа, а кој не. Дел од решението предвидува користење на биометриски систем, односно отпечаток од прст, наместо картички кои може да се злоупотребуваат. Според Алиу, пилот проектот веќе функционира и ќе помогне системот сам да покаже каде има злоупотреби и каде е потребна интервенција.

    „Затоа еден од не толку посакуваните чекори кои што ги имаме во овој моментот е фингерпринтот или одење на работа и чек ин и чек аут да се направи со прст, а не со картичка. Бидејќи исто така увидовме дека и таму има злоупотреби. Но, сите овие се процеси кои што траат, процеси кои се отвораат… Веќе пилот проект направивме, функционира, направивме и софтверско решение кое што јас, како министер, можам да знам во секоја институција кој е на работа и кога дошол на работа.“

    Следете нè и притиснете „subscribe

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично