ПОВЕЌЕ

    Финците први во светот ќе патуваат со дигитални патни документи

    Време зa читање: 3 минути

    Финската гранична служба објави дека Финците ќе бидат првите во светот кои ќе ги тестираат дигиталните патни документи почнувајќи од денеска, 28 август. Според граничната служба, сите Финци на летовите на Finnair кои ќе патуваат во Лондон, Манчестер и Единбург ќе можат да го тестираат дигиталниот патнички документ. Тоа значи дека ќе имаат шанса побрзо да ги поминат контролите без да чекаат подолг период, пишува SchengenVisaInfo.com.

    „Финската гранична стража ги поканува патниците на летовите на Finnair во Велика Британија да го тестираат својот дигитален патен документ на граничната проверка на аеродромот Хелсинки-Вантаа, почнувајќи од 28 август 2023 година. Клиентите на Finnair на линиите во Лондон, Манчестер и Единбург имаат можност да поминат низ граничната контрола побрзо и понепречено од вообичаено без редици“, се вели во соопштението на финската гранична стража.

    Како што е објаснето, патниците ќе можат да поминат побрзи процедури со регистрирање како доброволни корисници на дигитален патен документ. Откако ќе се регистрираат, ќе можат да го користат својот дигитален документ кога патуваат од и до Финска.

    Сепак, беше нагласено дека документот може да се тестира само на аеродромот во Хелсинки. Оние кои ќе се пријават на системот ќе можат да го тестираат дигиталниот патен документ до крајот на февруари 2024 година.

    Дигиталниот патен документ, познат како DTC (Digital Travel Credentials), се тестира за прв пат во светот, како што објаснуваат од Граничната стража. DTC е дигитална верзија на физичкиот пасош и е исто толку сигурен како и вториот. „DTC е дигитална верзија на физички пасош и е подеднакво сигурен. Овозможува непречено и брзо преминување на границата без да се загрози безбедноста“, забележува финската гранична стража.

    Одлуката на Финска да ги тестира дигиталните патни документи следи по желбата на Комисијата на ЕУ пилот-проектот да го спроведат некои земји-членки за да може да се соберат искуства. Откако ќе се соберат потребните информации, Комисијата планира да поднесе предлог за имплементација на овој проект во сите други земји-членки.

    Проектот е финансиран од Комисијата, а целта е да го олесни процесот на патување за сите. Доколку овој проект кој денеска ќе почне да го спроведува Финска се покаже како успешен, патниците во иднина повеќе нема да мора да носат физички патни исправи. Во исто време, и другите процеси на патување ќе станат многу поедноставни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично