Рекламите за брзо доделување кредити не значи дека нема контрола врз работењето на финансиските друштва. Нивното учество во финансискиот систем на државата е два отсто, годинава ќе платата даноци од над десет милиони евра, имаат одобрено кредити од 140 милиони евра, а вработуваат околу 1.300 млади луѓе. Јавноста за нив има искривена перцепција поради одредените злоупотреби, но сликата ќе се поправа преку едукација во која се вклучени членките од Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора, најавија Антоанета Манова Ставреска и Никола Јошевски.
Злоупотребите на личните податоци забележани во текот на минатата година се многу мали во однос на кредитите исплатени од финансиските друшртва. Но, иако се малубројни, тие интенцијата е таквите случувања да се сведат на нула, заоа што сепак, тоа е проблем со кој се соочуваат одредени лица, кога им доаѓаат за наплата долгови, а парите воопшто не ги виделе, вели првиот човек на Групацијата, Јошевски. Притоа, додава дека пари се бараат пари кога имголема потреба, а 10 до 15 отсто биле подигнати за лекување. Најчестите злоупотреби, пак, се направени од страна на блиски лица, кои имаат пристап до личните документи на луѓето кои биле оштетени и отплатувале кредити кои не ги земале.
„Злоупотреби од овој вид има секаде низ светот и сакаме преку едукација и на кредитобарателите и на луѓето од финансиските друштва кои работат со клиенти, да го подигнеме нивото и свеста за заштита на личните податоци“, вели Манова Ставреска, нагласувајќи дека постои целосен систем за одобрување кредити и идентификација на барателите. Уште повеќе, во финансиските друштва работат лица со претходно искуство во банките.
Најчести корисници на услугите се граѓаните, но и микро, малите и средни претпријатија, сите тие кои немаат пристап до традиционалните форми на кредитирање, посочува Манова Ставреска.. Финансиките друштва се најмалиот и најдинамичен сегмент од финансискиот систем, кој постојано го зголемува своето учество. Главна дејност им се кредитирањето и работењето со картички, издавање и администрирање. издаваат и администрираат кредитни картички. Оваа дејност доживува експанзијта последнава деценија, а тоа се согледува преку зголемениот број друштва, износите на издадените кредити, по бројот на новосклучени договори, па сега нивното учество е два проценти од вкупната актива на финансискиот систем, а сакаат да дојдат до седум отсто.
„Според Народната банка, заклучно со 30 јуни вкупната кредитната изложеност на граѓаните и фирмите е седум милијарди евра, а изложеноста кон финансиските друштва е 140 милиони евра. Или, само два отсто од вкупната кредитна изложеност. Вработуваат околу 1.300 млади лица и годинава ќе платат над десет милиони евра даноци кон државата“, укажа Манова Ставреска од СКСМ.
Грешки се прават од незнаење, па оттаму и потребата за едукација.
„Од вкупно 35 финансиски друштва, 24 се членки на Групацијата, а јас не сум само нивен застапник, туку и на сите клиенти кои ги ги користат нашите улуги. Нашата цел е одговорно кредитирање и заштита на личните податоци“, вели претседателот на Групацијата, кој најави серија прес-конференции и кампања за поголема финансиска едукација на населението.
„Ноември е месец на финансиската едукација и ќе има активности за да се исправи искривената перцепција за финансиските друштва што ги има пошироката јавност за нашата работа и за нашата улога во финансискиот систем“, посочи Јошевски.
Во фокусот е заштитата на личните податоци. Дел од активностите во кампањата ќе се одвиваат преку социјалните медиуми, а активно се вклучени сите членки од Групацијата. Ќе следува и едукација и обука на вработените. Групацијата соработува со Министерство за финансии, со Народна банка, со Агенцијата за заштита на личните податоци…, односно со сите надлежни институции. Сето тоа, заедно со новиот Закон за финансиски друштва, укажува на решителноста да се елиминираат и сосема да се искоренат несаканите појави во вид на злоупотреби.
М.А.