ПОВЕЌЕ

    Финансискиот директор Дрваров даде оставка во УО на „Реплек“

    Време зa читање: < 1 минутa

    Душко Дрваров, кој е директор на финансии во скопски „Реплек“ ја напушта функцијата член во Управниот обор на компанијата.

    Друштвото за медицинско снабдување информира за оставката со објава на Македонска берза.

    Инаку, Дрваров се повлекува од раководното тело само четири месеци откако беше именуван за член. Одлуката за неговиот избор од страна на Надзорниот одбор беше донесена на девети јуни. Тогаш член на УО стана и Марјан Велковски, кој е директор на оператива.

    Во составот на Управниот одбор се генералниот директор Душан Пецовски, неговиот заменик и воедно директор на снабдување и комерција, Коста Котески, директорот на продажба и маркетинг, Панче Гелевски, директорката на човечки ресурси и Дојранка Анастасовска Цветковска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично