ПОВЕЌЕ

    ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ ЗА СТОПАНСКА БАНКА БИТОЛА во првото полугодие од 2025 година

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска Банка а.д. Битола во првото полугодие од 2025 година оствари добивка од 546,3 илјади евра, што претставува резултат на засилената наплата на нефункционалното кредитно портфолио, како и на пониското ниво на исправка на вредност на нефункционални пласмани. Банката ја зајакна и својата капитална и ликвидносна позицијастапката на адекватност на капиталот достигна 32,1 %, а ликвидната актива 46,6 % од вкупната актива – нивоа што се значително над регулаторните барања и просекот во банкарскиот систем.

    Во изминатите две години, Банката функционираше во услови на трагање по стратешки инвеститор – процес предвиден во деловната политика и планот за развој 2025–2027 година. Фокусот беше ставен на наплата на нефункционални кредити, подобрување на квалитетот на портфолиото и внимателен пристап во кредитирањето. Овие активности резултираа со зајакната ликвидност, но и со намалени приходи од редовно работење.

    Нето-приходите од камати паднаа за 813 илјади евра или 21,1 %, додека нето-приходите од провизии и надоместоци се пониски за 400 илјади евра, односно 42,9 %. Приходите од курсни разлики се позитивни, но за 15 % пониски во споредба со минатата година.

    Значајно подобрување е забележано кај исправката на вредност на финансиските средствапозитивен нето-ефект од 6,4 милиони денари, за разлика од минатогодишната загуба од 834,1 илјади евра. Загубата поради оштетување на нефинансиски средства изнесува 252 илјади евра.

    Трошоците за вработените се намалени за 9,9 %, а останатите расходи за дејноста се пониски за 7,0 %, благодарение на оптимизација на работењето и зголемена продуктивност.

    Со примена на стандардот МСФИ 16 од 1 јануари 2025 година, наемите се евидентираат како средства и обврски во билансот. Недвижностите и опремата бележат зголемување од 4,8 %, додека кредитните обврски се намалени за 1,5 % во однос на крајот на 2024 година.

    Во претстојниот период, Банката останува посветена на реализација на стратешките и деловните цели, со акцент на умерен раст на кредитирањето, наплата на нефункционални кредити и одржување на солидна ликвидност и профитабилност. Во првото полугодие не е извршена распределба на добивката во форма на дивиденда.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично