ПОВЕЌЕ

    Fiat Grande Panda ќе чини помалку од 23.000 евра, за српските граѓани е 5.000 евра поевтин, еве зошто

    Време зa читање: 5 минути

    Електричниот Fiat Grande Panda, со кој е најавен кам-бекот на ФИАТ на светските пазари ќе се произведува во Србија, ќе чини околу 23.000 евра, а српските граѓани кои ќе се решат да го купат ова возило ќе добијат „подарок“ од државниот буџет од 5.000 евра за купено возило. „Ако автомобилот чини 22 или 23 илјади, имате пет илјади од нас, секој клиент“, најави српскиот претседател, Александар Вучиќ на прес-конференција.

    Fiat подготвува оживување на брендот Panda, а оваа информација ја соопштија на јавноста уште во февруари, кога претставија дури пет радикални концепти базирани на идејата Panda, но без премногу други врски со некогаш популарниот модел. Петте модели, кои ќе ја прошират гамата на Fiat во иднина и ќе ја воведат марката Panda во нова ера, ќе доаѓаат како градски автомобил, пик-ап, фастбек, теренец и кампер. Првиот од нив, за кој е откриено малку повеќе, е теренецот од Б-сегментот, наречен Fiat Grande Panda, кој, како што беше најавено, ќе се произведува во Србија, во некогашната фабрика на Застава во Крагуевац.

    Според Fiat, Grande Panda е „клон“ на првата генерација на тој модел, автомобил од Б сегментот кој ќе биде наменет за семејството и нежен за буџетот. Иако се работи за модерен и целосно електричен автомобил, неговата цена ќе биде пониска од 26.000 евра, додека хибридниот модел би требало да чини помалку од тоа, до 24.000 евра.

    Властите во Србија синоќа најавија дека од буџетот ќе бидат издвоени по 5. 000 евра за секој кој ќе купи нов електричен автомобил што ќе се произведува во фабриката во Крагуевац.

    Реализацијата на проектот во фабриката Стелантис во Крагуевац, што се однесува на почеток на производство на електричниот автомобил „Фиат Гранд панда“. На церемонијата ќе присуствуваат претседателот на Србија, Александар Вучиќ и Карлос Таварес, главен извршен директор на Стелантис

    Новата „панда“ е дизајнирана во Торино и е првиот нов производ во семејството, кој ќе биде проследен со лансирање на ново возило секоја година до 2027 година. Овој модел е на истата глобална и мулти-енергетска платформа „паметен автомобил“ , кој функционира во секој регион во светот, овозможувајќи му на брендот да создаде многу различни возила и да одговори на потребите на клиентите ширум светот. Тоа значи дека неколку модели произведени од оваа компанија ќе бидат базирани на истата платформа, која веќе ја користи Citroen C3, француска компанија која исто така е дел од Stelantis.

    Сега, сепак, како дел од прославата на 125-тиот роденден на марката, Fiat открива уште некои детали за овој автомобил. Тие велат дека се заснова на три клучни столба: италијански дизајн, глобална платформа и локална релевантност. Вредностите што го градат се одржливост, инклузивност и едноставност, како и убавина и инспирација од пандата од 80-тите години на минатиот век.

    ИТАЛИЈАНСКИ ДИЗАЈН И ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА

    „Гранде панда користи едноставна идеја: уникатна мулти-енергетска платформа која може да се инсталира насекаде во светот, строго италијански дизајн и можност да се избере најдобриот погон врз основа на потребите на клиентите, каде и да се тие“, ја опишува Fiat нејзината идеја зад новиот SUV.

    Меѓу иновациите што ќе пристигнат со Grande Panda го истакнуваат спиралниот кабел за полнење, кој ќе го олесни поврзувањето со станицата за полнење. Ќе биде интегриран во самото возило, под хаубата, што е пазарна новина и ќе поддржува полнење на AC полначи со моќност до 7 kW.

    Објавени се и димензиите на возилото. Ќе биде долг 3,99 метри, широк 1,76 метри и висок 1,57 метри. И покрај компактните димензии, тој ќе нуди багажник со капацитет од 361 литар, со дополнителни 13 литри внатре во преградите во самата кабина. Grande Panda ќе нуди простор за пет патници, ќе ги забавува и информира преку екраните од 10″ и 10,25″ лоцирани на предната конзола и ќе нуди седум надворешни бои – ниту една нема да биде сива.

    Опишан е и погонот – ќе нуди електромотор со моќност од 83 kW, батерија со капацитет од 44 kWh, па во циклусот WLTP ќе овозможи автономија од околу 314 километри. Тоа, велат, треба да биде доволно за градско возење и повремен викенд патување надвор од градот.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично