ПОВЕЌЕ

    Фершпед ќе исплати дивиденда

    Време зa читање: < 1 минутa

    Друштвото за меѓународна и внатрешна шпедиција со јавни и царински складишта ФЕРШПЕД АД Скопје ќе исплати дивиденда. Во одлуката објавена на Македонска берза се посочува дека “се одобрува исплата на дивиденда од акумулирана нераспределена оданочена добивка на Друштвото од минати години во бруто износ од 8.966.650 денари”.

    Дивидендата во бруто износ по акција ќе изнесува 550 денари.

    Дивидендата ќе се исплатува во готово, на трансакциските сметки на акционерите.

    Датумите за исплата на дивиденда се утврдуваат по следниот дивиденден календар:

    • Последен ден на тргување со право на дивиденда е 14.06.2021 година.
    • Прв ден на тргување без право на дивиденда 15.06.2021 година.
    • Датумот на евиденција според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда е 16.06.2021 година

     Дивидендата ќе се исплати во законски предвидениот рок, а најдоцна до 30.09.2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично